Општина Гази Баба: ВМРО-ДПМНЕ го покажа своето вистинско лице преку не донесувањето на буџетот на општината за 2020 година,

Прес конференција, 23.12.2019 Борис Георгиевски, градоначалник на општина Гази Баба
Почитувани граѓани,
ВМРО-ДПМНЕ го покажа своето вистинско лице. Преку не донесувањето на буџетот на општината за 2020 година, покажа дека воопшто не се грижи за граѓаните на Гази Баба.
Единствено важно им е нивниот партиски криминален интерес.
ВМРО-ДПМНЕ партијата која повеќе од 22 години ја раководеше општина Гази Баба и којана последните локани избори доби големо НЕ од граѓаните, поради тоа што ништо, ама
баш ништо, нема направено за општината. Сега се дрзна да ја закочи целосно работатана општината. Не донесувањето на буџетот за 2020 година значи дека општината нема да
може да ги извршува своите обврски. Значи дека на сила ќе мора да стапи времено финансирање во рок од три месеци.
ВМРО-ДПМНЕ партијата која со години ја пустошеше државата и општината, сега без милосно удира по граѓаните на општина Гази Баба. Немањето на буџет значи дека нема да може да се продолжи навремено градење на градинката во Стајковци. Да започне изградбата на фекалната канализација во населените места Гоце Делчев, Црешево и
Смилковци. Општината нема да има средства да изврши ревитализација на каптажите во Раштак и Булачани. Нема да може конечно да се изградат улиците во новата населба
Хиподром 2, улицата Фуштанска, како и улиците во Јурумлери и Трубарево каде се гради канализациона мрежа.
Не донесувањето на буџетот значи целосно закочување на подготовката на проектите за изградба на нови 4 детски градинки во Синѓелиќ, Инџиково, Ќерамидница и Трубарево.
Блокирани се и проектите за изградба на спортски сали ООУ Кирил и Методиј и ООУ Наум Охридски. Закочена е и изградбата на монтажните гаражи во Автокоманда кои беа предвидени во буџетот за 2020 година. Нема да може да се врши сервисирање на уличното осветлување, ниту пак да се започне нов проект. Се тоа на директна штета на
граѓаните.
Господа од ВМРО-ДПМНЕ ова ли е вашата обнова на државата која ја нудите?
Ако во вашето работење сите тие 20 години не сте покажале резултати и сте оставиле населени места без вода и канализација, без нормални услови за живот, тогаш оставете
не ние што покажавме дека се грижиме за граѓаните да работиме. Граѓаните на Гази Баба знаат дека во овие две години работите тргнаа, дека општината оди кон подобро и токму тоа е нивната болка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e