Одбележана Светската недела на имунизација

Под мотото „Заштити, спречи, вакцинирај“, вчера по 13, пат МИнистерството за здравство ја одбележува Европската недела на имунизација. „Со овој настан сакаме да ја подигнеме свеста кај сите засегнати страни за бенефитите од имунизацијата и потребата од редовна вакцинација кај децата согласно Календарот за имунизација“ – истакнуваат надлежните.

„Вакцините го штитат детето од тешки заразни заболувања, а со тоа се создава колективен имунитет и заштита од епидемии на целата заедница.“ – велат компетентницте лица од областа.

Во таа насока, еден од главните приоритети на Министерството за здравство за оваа година е комплетно осовременување на Календарот за имунизација, со воведување нови вакцини, кои заштитуваат од стрептокока и од рота вируси, кои се причинители на тешки заболувања проследени со компликации кои најчесто се јавуваат кај малите деца до 5 годишна возраст. Новиот календар е комплетно усогласен со препораките на Светскаѕа Здравствена Организација, во областа на имунизацијата.

Вакцинацијата е клучен приоритет и придобивка за јавното здравје. Активностите ќе продолжат и понатаму не само во рамки на одбележување на Европската недела на имунизација. Со континуирана промоција и едукација ќе бидат опфатени здравствени работници и родители, со цел и во иднина да се зголемува опфатот со сите вакцини и да не дозволиме долгогодишната традиција на успешна вакцинација да ја нарушиме, а со тоа да не дозволиме појава на заразни болести и епидемии во државата.

„Имунизацијата е еден од приоритетите на Министерството за здравство, бидејќи е значајна здравствена, социјална и економска придобивка. Националното координативно тело за вакцинација е одговорно за целокупниот процес за вакцинација во земјава. Продолжуваме заеднички да работиме за да обезбедиме квалитетни вакцини, по нов осовремен календар, a со правилна регионална и епидемиолошка динамика на нарачување и без облигативни количини, ќе овозможиме релокација и правилно искористување на средствата од веќе предвидени во програмите за имунизација.“ – изјави министерот за здравство Филипче.

Погледнете дел од фотогорафиите од одбележувањето на Светската недела на имунизација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e