Од септември поголема мотивација лекарите да останат во земјава

Заминувањето на младите лекарски кадри и друг медициснки персонал го вклучи алармот во Министерството за здравство, од каде ветија дека ќе се преземаат конкретни мерки за намалување на бројот на млади кадри кои сакаат да заминат од државата.

Мерките ги презентираше самиот министер за здравство, Венко Филипче, еден ден откако Алсат М информираше дека голем број на млади дипломирани лекари и медицински кадар се заинтересирани да работат во некоја е земјите членки на ЕУ, особено во Германија. Една од клучните мерки, според министерот ќе биде зголемување на платата.

Голем број на млади дипломирани лекари и медицински кадар се незадоволни од условите, од платата и од почитта која ја нема за белите мантили.

Заинтересиран сум да одам во Германија. Завршив школо за медицински кадар. Сум конкурирал на многу места, но безуспешно. Има три години како што сум дипломирал. Одам за подобри услови. Во Германија има подобри услови, животот е подобар. Тука немаме услови, платите се многу ниски, затоа сум одлучил да заминам“вели Фатлум Мемиши, дипломиран лекар.

Од година во година се повеќе се зголемува бројот на лекари и медицински персонал кој ја напушта земјата.Инаки, многу дипломирани лекари не наоѓаат работа и покрај големото искуство.

Последните податоци од Лекарската комора покажаа дека од 220 студенти по медицина кои дипломираат, дури 173 од нив работа бараат во земјите од ЕУ. И покрај ваквата алармантна состојба, здравствениот систем никако да спроведе темелни реформи во оваа област.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e