Од 1-ви јануари се возиме во автобуси само со електронска картичка

Од 1-ви јануари 2017 година влегува во сила Интегрираниот Тарифен Систем кој важи за сите превозници вклучително и приватните превозници.

Почнувајќи од новата година, корисниците на јавниот превоз задолжително треба да поседуваат електронска картичка, која може да се набави во сите продажни места на ЈСП СКОПЈЕ, дополнителните продажни места од мрежата за продажба на 50 различни локации и во сите автобуси на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници.

Со влегувањето во сила на Интегрираниот Тарифен Систем, Градот Скопје донесе одлука за промотивен период од еден месец, при што со секоја купена неперсонализирана електронска картичка следуваат 5 гратис возења.

Ве известуваме дека доколку сакате да користите јавен градски превоз задолжително треба да имате електронска картичка со запишан билет или надополнет паричник.

За единствено возење се користи електронскиот паричник.

Целосниот ценовник на билетите и минималната и максималната сума за надополнување на паричникот може да ги погледнете во продолжение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e