Новинарките Сашка Цветковска и Наташа Стојановска од А1 телевизија повикани во СЈО за скандалот со списоците со сигурни гласачи

Специјалното обвинителство продолжува да ги истражува изборните нерегуларности. Во својство на сведоци, денеска исказ дадоа новинарките Сашка Цветковска и Наташа Стојановска. Тие во телевизијата А1 ја објавија аферата „Списоци“ за време на изборите во 2011 година, пренесува 24 Вести.

А1 поседувала списоци со имиња, кои Цветковска и Стојановска ги контактирале, претставувајќи се како од ВМРО- ДПМНЕ. На тој начин дошле до сведоштва на граѓани, кои биле принудувани да донесат по 15 гласачи на партијата доколку сакаат да си го задржат работното место или да бидат вработени, па дури биле уценувани и со бесплатно ин – витро оплодување. По обелоденување на аферата, власта најави тужби за новинарките, но никогаш не ја реализираше најавата.


Јавното обвинителство тогаш отвори предмет против непознат сторител за да утврди дали со објавените листи на лица кои биле уценети и принудувани да гласаат за владеачката партија е сторено кривично дело. Неколкумина и беа повикани во обвинителството, Меѓутоа истрагата беше веднаш завршена со напомена дека не е откриено ништо сомнително.

Дека за време на изборите во 2011 имало нерегуларности, тврди и Социјалдемократскиот сојуз. Во објавените разговори, според опозицијата, може да се слушне како државни функционери од ВМРО- ДПМНЕ договараат местење на изборите.

hqdefault

Токму изборните нерегуларности се предмет на првата истрага која ја отвори Специјалното обвинителство под кодно име „Титаник“. На прес конференција во февруари, обвинителките соопштија дека сомничат неколку лица за злосторничко здружување, изборни нерегуларности и повреда на избирачко право. Меѓу нив се и поранешните министри за внатрешни работи и транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и владиниот секретар Кирил Божиновски. Специјалното обвинителство побара од судот да им определи мерки притвор, меѓутоа, по распитите кај судија на претходна постапка, барањата беа одбиени како беспредметни.

За поврзани вести продолжете надолу

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e