Кривичниот суд-Скопје денеска треба да ја донесе пресудата за петообвинетиот во предметот на СЈО за насилството во Центар Јордан Ристевски, кој вчера на рочиште самоиницијативно призна вина, објави НОВА.
Обвинителката Фатиме Фетаи побара постапката за него да се раздвои и судењето за него да продолжи веднаш.
Според Фатиме Фетаи, бидејќи Ристевски прво рекол дека не е виновен, па се предомислил, постапил слично како и Томислав Лазаров кој прв призна вина. Но како што потенцираше таа, на врвот по одговорност е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Олеснителни околности за Ристевски се што претходно не е осудуван, а се покаја и за направеното дело.
Судењето на останатите останати 13 обвинети е закажано за 7 декември.
Во овој случај првообвинети се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште 11 лица.
Претходно Томислав Лазаров, кој беше обвинет за дело – насилство во случајот со нарачаните шамари во општина Центар, откако призна вина, му беше определена алтернативна мерка – шест месеци условна казна ако во рок од две години не стори кривично дело.