(НОВА АУДИО БОМБА) Александар Николоски договара сообраќајка со Јанакиески: Има два авиони Шиптари, трактор да се испреврти нешто

Нова „бомба“ именувана „Николовски има два авиони со шиптари да направиме сообраќајка“ е објавена утрово на Јутјуб каналот Обнова на режимот каде се слушаат разговори меѓу носителот на пратеничката листа во Изборната единица 4 на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Во овој разговор се слуша како Јанакиески му предлага на Александар Николоски да направат сообраќајка кај Пресека однносно помеѓу општината Дебарца и Охрид каде што се наоѓа и охридскиот аеродром, бидејќи како што се слуша од снимката слетувале два авиона со Албанци. Со ваквата идеја се согласува и ја прифаќа Александар Николоски.
„Кажи шефе“, вели Николоски, по што Јанакиески му кажува:„Александар, слушај сега, идеја со Горде ја зборевме“,а Николоски вели : „Ајде“. Јанакиески продолжува: Има два авиони Шиптари, слетуваат сега во четири, четири ипол. Да направиме сообраќајна несреќа кај Пресека, ситна? Да се …. коли, па МВР увид, ваму-таму. Трактор да се испреврти нешто…, а Николоски одговара : Немам ништо против, нека се јави Горде на овие нејзиниве од МВР, ќе се организира таа работа. Не ми е проблем“. Јанакиески продолжува : „… не може некој од членството да излезе да чукне некој , трактор со кола, пополека?“, а Николоски одговара:„А да му речам на … од Кичево да организираат?“. Јанакиески одговара: „Јави му се на … од Кичево, ама негде накај Охрид нека направи ајде “. Николоски вели: „ Океј, кога слетува авионот?“, по што Јанакиески одговара:„Во четири“.

Извор: А1 он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e