Нимиц без детали, преговорите во Виена продолжуваат

По средбата во Виена за името со шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц изјави дека имале интензивна дискусија и дека двете страни се посветени на изнаоѓање решение. Нимиц посочи дека преговорите ќе продолжат и во наредните недели.

Состанокот на министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас почна околу 15 часот, а засега не се знаат детали околу тоа што точно се разговарало.

Непосредно пред почетокот на средбата премиерот Зоран Заев рече дека очекува исчекор, дека верува во двајцата министри, а и дека тој самиот е оптимист за решавање на прашањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e