Николовски во Париз: Работиме на препознатливоста на македонското вино на светските пазари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанско Љупчо Николовски денеска и утре, во Париз,  учествува на годинешното вонредно генерално Собрание на Меѓународната организација за вино OIV , голема и афирмирана организација во светски рамки во која членуваат повеќе од 45 земји од светот.

36708871_2188813761340151_4473207163178713088_n

На собранието денеска се избираше нов претседател и генерален директор на организацијата.

„Меѓународната организација за вино OIV дава голема поддршка за зголемување на препознатливоста на нашето вино на странските пазари.  Членството  во организацијата и правото на глас како држава, се важни за зајакнување на нашиот рејтинг како винска земја на светскиот пазар.“ – истакна Николовски.

36688598_2188813228006871_133897735756578816_nКако министер заедно со делегатите од останатите држави, Николовски учествуваше во изборот на новиот претседател на организацијата, а избрана беше Regina Vanderlinde, од Бразил, која ќе има мандат во следните три години.

36788283_2188813328006861_3376230442280681472_nЧленството овозможува следење на светските трендови во винарството од аспект на модернизирање на производството, следење на потребите на пазарот, како и зголемување на извозот на македонското вино.

„За нас како држава во која што винарството е стратешки извозна гранка, важно е да бидеме активен член на Меѓународната организација за вино, од аспект на унапредување на оваа гранка и отворање на нови пазари за македонското вино.“ – истакнува Николовски. 

36697035_2188813601340167_2442621551334391808_n

Зголемувањето на извозот на македонското вино е еден од приоритетите на МЗШВ, а Меѓународната организација за вино може да пружи голема поддршка во насока на зголемување на препознатливоста на македонското вино на странските пазари, сметаат одговорните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e