Николовски: Ви благодарам на сите за големиот број повици, јавувања и пораки, доаѓа демократска иднина

“Преживеавме крвничка ноќ во која криминални, паравоени и платени а заштитени од дел полициски структури, имаа една цел – смрт и убиство на повеќе пратеници. Тоа се договараше пред нашите очи.

Горд сум што заедно со храбрите колешки и колеги од мнозинството, а предводени од лидерот Зоран Заев бевме спремни на се, за нашата единствена Македонија.

Но, ние имавме среќа а има и Господ. Затоа што искрено и чесно се бориме за правда, одговорност, слободно општество и за крупни реформи. Се бориме да направиме добро за Македонија и идните генерации.

А колегите од ДПМНЕ на чело со Никола и Трајко, а освен Ѓорчев и Тодоров, ќе бидат запишани во црната историја на нашата земја. Совеста нема да им биде мирна никогаш. Ќе одговараат за ова и за се!

Заедно со поддршката што ја добивме од граѓаните како и поддршката од САД, ЕУ и НАТО на новиот спикер и на новата реформска Влада, доаѓа демократска иднина за секој граѓанин тука во Македонија”, се обрати на Фејзбук пратеникот од редовите на СДСМ, Љупчо Николовски кој исто така беше повреден во немилите настани кои се случија пред два дена во Собранието на РМ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e