Николовски со граѓаните од Чешиново Облешево: Ние се бориме за среќни и економски обезбедени граѓани, а не за враќање на криминалот и корупцијата

Ме радуваат оптимизмот и вербата на граѓаните во Чешиново Облешево.

Бев на пазарот, сретнав трговци, купувачи, ненамерни минувачи.

Велат треба уште да се работи, ни треба подобар стандард, но далеку е подобро од тоа што беше пред три години. Не може ни да се спореди.

Платите ни се повисоки, пензиите се покачени, скенираме сметки, па и во ова време-невреме на здравствена криза ги задржавме работните места, добивме помош, добивме платежни картички.

Прв пат државата нешто нам да ни даде, а не да ни земе.

Овие зборови, почитувани пријатели, се нашиот мотив да работиме уште ПОВЕЌЕ и уште ПОДОБРО.

Ние се бориме за среќни и економски обезбедени граѓани, за сигурна и стабилна држава која оди НАПРЕД, а не за враќање на криминалот и корупцијата и на оние кои се богатеа врз грбот на граѓаните.

Затоа на 15-ти јули Истокот ќе ја најави најголемата победа на Коалицијата #Можеме, за подобро утре, за сигурна и безбедна иднина.

ФБ статус на генералниот секретар и носител во ИЕ 3,Љупчо Николовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e