Не сум толку богат како што изгледа од страна, вели Латас во една од необјавените бомби

Во Кривичниот суд почна презентирањето на прислушуваните разговори во предметот Тревник, во чии рамки обвинет е новинарот Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа.

-Не сум јас толку богат колку што изгледа од страна – вели Латас во третата бомба што беше пуштена и во која разговара со изведувачот на викенд-куќите за кои е обвинет дека почнал да ги гради пред да добие одобрение за градба од Општина Зелениково.

СЈО го докажува ова тврдење со фактот што разговорите се снимени во 2011 година, кога, според Обвинителството, започнала и изградбата, а одобрението е издадено две години подоцна.

-2.000 евра по договор ти се исплатени – му вели Латас на изведувачот што укажува на тоа дека исплатата на градежните услуги е вршена иако се уште нема дозвола за градба.

Латас и изведувачот зборуваат за детали околу карабината, потпорните ѕидови и димензиите. Патем, Латас му дава инструкции и задолженија што да направи и по која цена.

Шестата емитувана бомба е со неговиот брат Срѓан Павловиќ кој е исто така обвинет. Тој го прашува Латас дали работниците се Албанци да знае дали да им носи кебапи или не. Во однос на тоа, Латас одговара: „Не бе, вмровци се овие, наши се“.

Продолжува емитувањето на разговорите еден по еден откако судијката забрани по секој разговор одбраната да користи право на приговор. По првиот разговор, приговорите на одбраната и обвинителите се развлекоа по што дојде до кавга меѓу адвокатката Анита Бегова и обвинителката Фатиме Фетаи. Потоа, судијката рече дека право на преговори одбраната ќе има откако ќе се преслушаат сите разговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e