НАТО ја покани Македонија да почне преговори

НАТО ја покани Македонија да почне преговори за членство, објави генeреалниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес-конференција.

Како што кажа тој, Македонија ќе стане 30. членка на НАТО кога ќе бидат завршени сите национални процедури и договорот за името со Грција ќе биде комплетиран.

На новинарско прашање, Столтенберг рече дека не може во НАТО со нерешен проблем за името.

„На граѓаните е да одлучат. Ова е животна шанса. Јасно порачавме дека Македонија ќе стане 30 членка на НАТО кога ќе завршат сите внатрешни процедури“, истакна Столтенберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e