Наскоро ќе се реновира студентскиот дом „Стив Наумов“

На последната одржана владина седницa, Владата го задолжи Министерството за образование и наука да спроведе постапка за реконструкција на Студентскиот дом во студентската населба „Стив Наумов“ во Скопје, во најкраток можен рок.

Имајќи ја предвид прифатената информација за настанатата ситуација во поглед на одредени недоследности и неправилности утврдени во зградата 1 во студентската населба „Стив Наумов“ во Скопје, при извршен инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат, надлежните ветуваат дека во најкус можен рок ќе започне реновирањето на овој студентски дом, со цел да биде подготвен за престој на студентите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e