Надлежните со податоци за намалување на загадувањето, активистите и средношколците сакаат исполнувања(ФОТО)

Никола Наумоски, шефот на кабинетот на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов сподели информации со кои вели дека се намалува трендот на загадувањето во Скопје.

„Настрана фотографиите со магли и црвени кругови, бројките за загаденоста имаат смисла да се толкуваат само кога може да се споредат. Еве ги бројките во последните пет години за мерните станици во Скопје што работат и собираат податоци. Ова не значи дека не е загадено, или дека немаме проблем со аерозагадувањето. Не, ова значи дека проблемот има тренд на намалување, а причините може да се климатски или човечки, или и двете“, напиша Наумоски.

 

Активистите на еколошки здруженија утре ќе одржат протестен марш под мотото „Исполнување, НЕ ветување“. Велат дека одбиваат да се сретнат со премиерот и владините претставници. Протестот ќе почне во 17 часот пред Министерството за животна средина, а ќе продолжи во 18 часот пред Влада.

И средношколците од Скопје и од други градови во земјава се мобилизираат за бојкот на наставата во средните училишта во петок, во знак на протест поради загадувањето на воздухот. Тие велат дека секој ден станува се полошо и најавуваат приклучување кон протестот против аерозагадувањето наречен „Зелена револуција“.

„Ние, средношколците, сме крајно изреволтирани од непреземањето ништо, лежерноста на власта и немањето идеја како да се реши овој најголем проблем… Целта на ова е власта и сите општествен фактор да се фокусираат на овој проблем, а по бојкотот ќе се приклучиме на Зелениот фронт и нивните барања, кои се единствено решение за оваа неподнослива ситуација. За нашите животи се работи“, се наведува во најавата за бојкотот на наставата на организацијата „Средношколски глас“.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e