Митрев: Ние не сме помалку цивилизирани од другите, ама старите традиции нема да продолжат

Кардиохирургот Жан Митрев во вечерашното гостување во “Само вистина” на Канал  5 телевизија изрично смета дека епидемијата ќе биде под контрола тогаш кога ќе сфатиме дека ништо нема да биде исто како порано и тогаш кога потполно ќе се адаптираме на овој процес на транзиција кон “новата нормалност”.

“Многу луѓе, не само тука, туку и во Европа и пошироко не сфаќаат дека се случува една револуција во негативна насока во однос на тоа како сме живееле порано и како треба да прифатиме дека ќе живееме понатака. Многу работи ќе се променат, ова е еден процес на транзиција, во кој сите ние треба да се простиме од некои наши навики, традиции и работи кои до вчера биле вообичаени и секојдневни. Ова е нешто кое ги менува нашите навики на глобално ниво. Нема разлика дали се работи за Македонија или Германија. И во Германија пред некој ден се заразија сто луѓе непочитувајќи ги одредбите за несобирање. Истото се случува и тука. Тоа сознание мора да дојде, мора да научиме да бидеме Швеѓани, бидејќи тие не се дружат, немаат блискост, најмногу двајца седат на маса во кафана, прават свадба со 10 души. Тој ментален склоп за работи кои до вчера беа нормални, сега мораме да ги смениме бидејќи се работи за опасен вирус кој предизвикува опасна болест. Се случува една голема трансформација на целиот систем на комуникација и живеење и тој систем е комплетно свртен на глава. Ниедна мерка, ниедна забрана, ниедна казна, полициски час нема да помогне ако луѓето сами не сфатат дека сето тоа што го прават е против самите нив. Ние не сме помалку цивилизирани од другите, ама старите традиции нема да продолжат” – истакна Митрев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e