Мираковска: Обезбедена е кредитна линија од ЕБРД за брз трамвај кој ќе минува низ Скопје

Соња Мираковска, коносителка на кандидатската листа на Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 4, во вечерашното предизборно соочување на телевизија Телма, запрашана какви мерки за заштита на животната средина и енергетска ефикасност ќе преземе СДСМ доколку остане на власт, со став:

“До 2024 година ниту една државна институција нема да користи нееколошки системи за греење. До крајот на 2020 година ќе воведеме постојани контроли и ќе го зајакнеме Државниот инспекторат за животна средина, ќе им овозможиме на граѓаните да можат да имаат пристап до апликација за да можат да пријават прекршок, ќе ги заостриме казните во областа на заштитата на животната средина, во Скопје ќе воведеме трамвај, ќе воведеме покомплексни системи со субвенции и даночни олеснувања за набавка на еко возила. Во градежништвото ќе вршиме засилен надзор за да биде енергетската ефикасност на високо ниво, до 2024 постепено ќе ја забраниме употребата на пластични кеси во малопродажбата. За трамвајот веќе е обезбедена кредитна линија од ЕБРД и тоа е брз трамвај кој ќе минува низ градот. Проектот е завршен и верувам дека многу скоро ќе ја знаеме и точната сума на чинење” – објасни Мираковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e