Милевски: И кај нас во кампањата се знае кој е носител, зошто има потреба од измена во Закон?

Вие викате дека владата не го срушила тој систем се поставува прашањето зошто владата не го срушила тој систем, зошто е тогаш направено такво чудовиште, праша министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП, Горан Милевски.

„Зошто го направивте такво сваровски судство за после да го реформирате. Ние немаме никаква вина во изборот на судии во 1994 година, но најголем дел од нив се во пензија, сега сме во 2019 година. Судството ексалираше во изминатите 10 години. Никогаш кога сте биле на власт не рековте судството не чини, сега викате дека не чини. Ние и сега зборуваме дека судството не чини, премиерот сам искочи да каже дека судството не чини. Не сум адвокат на владата да ја бранам, но факт е дека нашето знаме се вее со знамињата на најмоќните земји. Премиерот е рамо до рамо со најмоќните лидери. Ние денеска сме малтене во НАТО, очекуваме почеток на преговори со ЕУ, патот е трасиран, сега остана дома да се реформираме“, рече Милевски.

Љупчо Пренџов, потпретседател на ГРОМ рече дека му е драго што ЛДП ќе го поддржи предлогот да не се амнестираат политичари и го праша Милевски дали ќе поддржи шпицен кандидат за премиер кој доколку изгуби треба да се повлече од полититката. Според него неблагодарно е да се каже дека оваа влада го кренала македонското знаме на Самитот на НАТО во Лондон.

„Ако не бил проблем влезот во НАТО, зошто до сега не сме влегле, сите знаеме какви болни одлуки донесовме за тоа, треба храброст за таквите одлуки. Пензионерите ќе имаат 900 денари повеќе во џеб, докторите ќе имаат од 60.000 до 100.000 плата, така да, граѓантие ќе видат кога во својот паричник имале повеќе пари, дали порано, дали денес. И кај нас во кампањата се знае кој е носител, ако победи СДСМ, носител на кампањата е Зоран Заев и тој ќе биде премиер, ако победи ВМРО-ДПМНЕ, носител на кампањата е Христијан Мицкоски, што тука не е јасно, зошто има потреба од тоа да биде во Закон“, истакна Милевски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e