Милевски: Да дојдат чесни судии кои ќе судат по словото на Уставот и Законот

Ќе го поддржиме предлогот да се менува Законот, претседателот да не може да дава амнестија за политичари и тие да треба невиноста да ја докажуваат на суд, рече министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП, Горан Милевски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.

„Пратениците констатирале дека тој член не постои. Ако констатирале дека нема таков член и тоа е одлука, што значи дека ако немало таков член, не можело да се донесе таа одлука за помилување. Уставниот суд е таму да го штити Уставот, а не луѓе кои под претпоставка се огрешиле, треба да докажат невиност пред Судот“, рече Милевски.

Според Љупчо Пренџов, потпретседател на ГРОМ, иронијата е голема затоа што Уставниот суд чекал да се донесе одлуката во Собранието.

„Јас не сум знаел дека во 2009 година ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ членот 11 го избришале, а тоа требало да го знае Уставниот суд. Уставните судии морале да знаат дека тој член би избиршан. Никој не сноси одговорност, загрижен сум како ние мислиме да ја водиме политиката, бидејќи преку политиката се прават моралните вредности“, рече Пренџов кој додаде дека ГРОМ како партија уште при носење на амнестијата свикале прес конференција и го осудиле чинот на Иванов да ги амнестира политичарите.

Министерот рече дека Ѓорге Иванов дал амнестија на непостоечки член, а врз основа на тоа се и дебатите дали требало да се носи таа или не.

„Не може да ја обвинувате тука владата, Уставниот суд ја покрена иницијативата. Треба да се види кога биле уставните судии избрани и да се види под чиј диктат тие судии претходно суделе или не суделе. Треба да се види дали имотот кореспондира со платата на судијата или не кореспондира. Ако не кореспондира, значи тоа се пари од мито“, истакна Милевски.

Според него, некои судии судат по финансиска желба и затоа треба да се стави крај на таквото судство.

„Ниту еден судија не одговарал, ниту еден од сваровски судиите не е избркан. Сакам да дојдат чесни судии кои ќе судат по словото на Уставот и Законот“, додаде лидерот на ЛДП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e