Мицкоски за ДВ: Заев го чека пораз на 12 април

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за ДВ изјави дека нема да има одложување на изборите и дека премиерот Зоран Заев се „плаши од одговорноста што следи по поразот“.

– Ако нема предвремени избори или дојде до одложување, тоа може да го направи парламентарното мнозинство, а тоа значи дека Заев се плаши од пораз. Не се плаши толку од пораз, колку што се плаши од одговорноста што следи по поразот. Убеден сум дека нема да има одложување на изборите, затоа што тоа ќе реферира на вториот дел од одговорот – каков ќе биде кредибилитетот на Пендаровски како претседател, кој не собира и носиме заклучок, ако по тој заклучок, Заев, уплашен за одговорноста за криминалот – одлучува да ги одложи тие избори заедно со парламентарното мнозинство. Каков пример ќе оставиме пред граѓаните, ако одлуките на претседателите на најголемите партии се менуваат по нарачка? Мислам дека нема индиции за такво нешто. Предвремени избори на 12-ти април ќе има, техничката влада на 3-ти јануари ќе се случи. По поразот што ќе го доживее Заев, следува одговорност. Го разбирам, уплашен е, знае што направил, знае што се случувало изминативе три години од аспект на криминал, корупција и сите оние понижувања што и ги нанесе на државата. Треба да биде свесен дека мора да има одговорност, посочува Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e