Мицкоски: Темата со амнестијата личи на местенка од власта (ВИДЕО)

Темата со Уставниот суд исклучиво му одговара на Заев и СДСМ, за да се вратат старите теми и да не се одговара за актуелните скандали. Да разбуди чувство и сентимент кај оние кои бараа правда, а сега гледаат дека никако не може да ја добијат со оваа власт, или што би се рекло нема правда, нема мир. Темата со амнестијата личи на местенка од власта, наметната со типично удбашки методи.

Ова гоизјави денеска на прес-конференција лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и додаде дека тука не се работи за политика, туку за „валкана игра на шака криминалци, и разно разни провладини организации кои свесно или несвесно се налепија на оваа измама“.

– И секој кој има дилеми нека се запраша една едноставна работа, како е можно Уставниот суд да не изгласа и расправа за ниту една иницијатива поврзана со СЈО, или како е можно цели три години оваа инцијатива да се држи во фиока, а токму сега на неколку месеци пред избори, во време кога власта е жива фатена во скандали и криминалии сето ова да стане тема во јавноста и да се стави на дневен ред, посочи Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e