Мицкоски: Не верувам ниту во Сваровски, ниту во Луј Витон судство, само на професионалци кои ќе носат правда

Не верувам ниту во Сваровски, ниту на Луј Витон судството, туку верувам во судство на професионалци кои ќе носат вистинска правда, каде професионалците ќе бидат таму каде што заслужуваат да бидат, каде што ќе се цени по квалитететот, не по роднински линии, не по тефтерчиња, не по нешто кое што денеска е реалност, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Слободна ТВ.

Тој посочи дека во денешново Луј Витон судство има обвинител кој што народски кажано е фатен со рацете во медот но, се заборава и името на една судијка која што има брат адвокат и кои што исто така учествуваат во тој процес.

„Тоа е важно затоа што истата таа судијка надвор од законот го замрзнува името на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија. Но тоа никој не го споменува ниту името на адвокатот ниту судијката. Тоа значи дека имаме јасна спрега помеѓу медумски могули кои што премиерот ги нарекува провладини, обвинителство и правосудство, тука немаме функционирање на владеењето на правото и немаме функционален и независен правосуден систем“, вели Мицкоски.

Според него, договорот со Грција не го решил нашиот проблем со интеграциите и тоа е најголемиот проблем што ваквите договори не ги решија нашите проблеми.

„ВМРО-ДПМНЕ не учествуваваше во договорот, затоа што и тогаш и денеска ние сметаме дека е штетен. И тогаш и денеска мислиме дека не е одговор и не е решение на проблемите кои што ние ги имвме со нашиот јужен сосед. И тогаш не било храброст, туку нешто друго носењето на овој договор“, истакна Мицкоски.

Според опозицискиот лидер, договорите со Грција и Бугарија овозможиле нашите соседи кои што имале политички проблеми со нас, да стекнат права.

„Тие договори сега се потпишани и тие стекнале права. Нашите соседи кои што имале проблем со нашата држава и ние како ВМРО-ДПМНЕ не сме учествувале, учествувал некој друг политичар“, вели тој во интервјуто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e