Мицкоски му признал на Заев за неговата храброст и одговорност да понуди избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва за време на лидерската средба во претседателската резиденција, му изразил признание за успесите на премиерот Зоран Заев во Брисел, како и за неговата храброст и одговорност да понуди предвремени избори, тврди „Фронтлајн“.

Премиерот и лидер на СДСМ, посочува порталот, на средбата реферирал за поддршката што нашата земја ја добила од сите лидери на земјите членки на ЕУ, особено за реформите што се спроведуваат во земјата.

Лидерите, како што соопшти претседателот Стево Пендаровски ја изразиле својата безрезервна поддршка за ЕУ и НАТО перспективите на Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e