Мицкоски: Ќе понудиме иднина, предвидлива за нашите сограѓани

„Мора еднаш за секогаш, на политичките измамници, на криминалците, арамиите во политиката да им ставиме крај. Или си политичар патриот, родољуб кој што работи и е слуга на граѓаните или ќе се занимава со бизнис и ќе бидеш бизнисмен. Две работи од еднашка не може. Не може и политика која што ќе ја злоупотребуваш за да водиш бизнис. Или ќе бидеш слуга на граѓаните или ќе си тераш тоа што си наумил, а тоа е бизнисот“, изјави вечерва лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски од Центар, во рамките на Разговорите за обнова на Македонија.

Тој посочи дека многу скоро ќе излезат со деталната политичка понуда која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја понуди пред граѓаните.

– Таа политичка понуда нема да биде тоа што денеска Зоран Заев го нуди, а тоа е понуда која што ќе содржи само празна реторика, ветувања за се и сешто практично. Тоа ќе биде понуда која што ќе содржи во себе стратегија и визија како Македонија ќе изгледа од сега за 10 години, па уште за 10 години. Тоа е програма која што практично ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе им ја понудиме на граѓаните, а со тоа ќе понудиме и иднина, предвидлива за нашите сограѓани, вели Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e