Мицкоски фатен во нова лага, Словачка има функционален парламент

Уште една невистина од серијалот “Сите бисери на Христијан Мицкоски” денеска се распрсна како меур од сапуница во дворот на претседателската вила на Водно, на прес-конференцијата одржана после неуспешната лидерска средба.

Имено, лидерот на опозицијата, покрај тоа што им се извини на граѓаните, веројатно свесен за своето неодговорно однесување, продолжи со вообичаената пракса “кога немаш одговор, слободно измисли го”?!

Па така на новинарско прашање дали знае уште некоја земја во Европа која е во позиција како нашата и функционира без парламент, Мицкоски со брз одговор – Словачка!

Одговорот не беше баш математички прецизен, со оглед на тоа дека Словачка има функционален парламент, а парламентарните избори за Националниот совет (еднодомниот словачки парламент) кој се состои од 150 пратеници се одржаа на 29 февруари 2020 година.

Опозициската партија од десниот центар ОЛаНО прогласи победа на парламентарните избори со освоени 25 отсто од гласовите или 53 пратенички места. Парламентот беше официјално конституиран на 20 март 2020 година, а за претседател на парламентот беше избран Борис Колар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e