Манчевски: Неодговорно е сега да се ловат ситни политички поени – Изборите се одложија!

-Во ова време мора да не мислиме кој колку зема плата туку мора да покажеме солидарност. Ќе мора да направиме сериозни напори да се подели таа плата. Ова е јас би рекол превентивна мерка и е подобро сега да реагираме за подоцна да ја вратиме економијата, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и министер за администрација и информатично општество во вечерашното вклучување во „КликПлус“ на ТВ 21.

Неодговорно е сега да се ловат ситни политички поени. Изборите се одложија и сега треба заеднички да сме сериозни, порача Манчевски.

Бројот на вработени по Рамковен договор кои не одат на работа, а земаат плата е драстично намален. 10 години никој досега не се обидел да го реши овој проблем, а сега останува мал процент на вакви вработени, порача Манчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ