Локвенец за Мицкоски: Граѓаните не сакаат лицемерни политичари кои едно зборуваат дома, друго надвор (ВИДЕО)

„Јавноста вчера го виде лажното лице на Христиjан Мицкоски, неговото лицемерие и лажен патриотизам. Едно зборува пред граѓаните друго зборува надвор од државата. На средбата со премиерот на соседна Бугарија, Бојко Борисов, Мицкоски рече дека го поддржува Договорот за добрососедство и пријателство“, вели денеска Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.

„Две години Мицкоски зборува дека е против Договорот со Бугарија, за вчера за само две минути да каже дека го поддржува Договорот. Кога лаже Мицкоски?“, прашува Локвенец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e