Лицата со посебни потреби заборавени од државата

Секојдневие исполнето со неизвесност. Ден кој завршува со надеж за подобро утре. Ова е животната приказна на Зоран Мијалков чиј син има Даунов синдром.

Зоран објаснува дека секојдневно се соочуваат со проблемите на посебна исхрана која е скапа, институционалната дискриминација и неажурност која овие лица се уште ги држи на маргините на општеството.

Слична судбина дели и семејството Аљакоски од Прилеп каде повеќе од 19 години колку што е возраста на нивниот син секојдневно се борат со ваквите состојби. Раде Аљакоски кој е родител објаснува дека неговиот син особено тешко бил прифатен во училиштето каде првично требало да учи не само од учениците туку и од самите наставници.

Од здружението Дајте ни крилја денеска и официјално ги испорачаа своите предлози за законски измени но и апели за итни промени во некои сфери .

Дискриминацијата на овие лица во некои области и институции во земјава е пристутна и повеќе од 20 години. Почнувајќи од законодавството па се до пристапноста и достапноста на објектите.

Извор: 24 Вести

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e