Конве – Муре: Вашата историја и културно наследство се стари, но сепак државата е една од најмладите во светот

Ситуацијата на Северна Македонија е посебна, бидејќи нејзините историја и културно наследство се стари, но сепак државата е една од најмладите во светот. Предноста што ја имате е што вие можете да бидете дел од таа историја без да ги повторите грешките на другите.

Ова го порача денеска потпретседателката на Сенатот на Франција, Елен Конве-Муре, која денеска и утре престојува во официјална посета на Северна Македонија.

Таа говореше во Министерството за надворешни работи на предавањето на тема „Француската политика во областа на одбраната: Европа и НАТО“.

Истакна дека можеби слабост на земјава е што, како што рече не е доволно позната и поради тоа е подложна на клишеа.

-Но ние ве познаваме, јас сум среќна со политичкото, културното и образовното присуство во вашата земја, благодарение на амбасадорот и неговите активности и на Институтот и културниот центар, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e