Консултативна средба во сабота меѓу Заев, Ахмети и Мицкоски

Лидерите на трите најголеми политички субјекти ќе се сретнат во сабота попладне во Владата и ќе разговараат за техничката влада и за можното преместување на датумот на изборите.  Од СДСМ велат дека нивната одлука за датумот за техничка влада ќе зависи од тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го испочитува договореното.

Од ВМРО-ДПМНЕ со став дека нема да ги кочат законите кои се од интерес на граѓаните. Но генералниот секретар на партијата Игор Јанушев дециден дека опозицијата нема да го поддржи Законот за одбрана, опојни дроги и изборниот законик.

ДУИ не гледа причина да ги одложи изборите. Според нив, евентуалното одложување треба да биде со консензус.

“Не гледам причина да се одложи датумот на предвремените парламентарни избори кој се одлучи со консензус на сите лидери. На крајот на краиштата, доколку би имале некаква промена, ова ќе мора да биде со заеднички консензус”, рече Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

Околу калкулациите за одржувањето на изборите, собранискиот спикер Џафери вели се додека не се распишат изборите, формално може да се одложат, но ако се  избере техничка влада, одложување не е можно, ниту теоретски, ниту законски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e