Ќе се намалува невработеноста, младите и социјално ранливите лица имаат предност

Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и УНДП денеска потпишаа договор за Годишната програма за вработување 2018, за која се предвидени 8,3 милиони долари.

Премиерот Заев истакна дека Владата и Министерството за труд и социјална политика веќе го спроведуваат новиот Оперативен план за 2018, со комбинирање на мерки и услуги, чија основна цел е да се поврзат капацитетите на невработените, со профилите кои се бараат од страна на бизнисот.

„Поддршката и помошта што ни доаѓаат од УНДП се многу значајни за Македонија и нашите граѓани. Оваа година УНДП ќе го поддржи спроведувањето на три мерки од Оперативниот план на активни мерки за вработување кои ќе имат за цел да го помогнат претприемништвото, воспоставувањето на локални партнерства и новиот модел на обуки за занимања и вештини кои ја зголемуваат вработливоста и создавањето на квалитетни работни места. Овие мерки се исклучително важни. Социјалната и економската инклузија мора да се одвива паралелно со реализација на приоритетите на Владата за економнски раст и развој, со креирање на нови работни места и со зголемување на конкурентноста на пазарот на труд“, порача премиерот Заев во своето обраќање.

Постојаната претставничка на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон на промоцијата на оваа програма за вработувања потврди дека продолжува поддршката партнерскиот однос на УНДП и на Владата на РМ во креирање на работни места во приватниот сектор преку промоција на претприемништвото и развој на вештини според потребите на пазарот на трудот.

Видеото од потпишувањето на договорот можете да го погледнете во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e