Кекеновски на 24 ТВ: Опозицијата очигледно ги гледа резултатите од дневните анкети и не сакаат избори, ама избори мора да има

Во вечерашното “Отворено студио” на 24 телевизија, Јове Кекеновски, со свој став зошто на државата и се потребни брзи избори кои според него најдоцна би требало да се одржат до 12 јули.

“Избори мора и треба да има. Изборите веќе беа закажани, со самата вонредна состојба беа прекинати и логично е дека по завршувањето на вонредната состојба ќе продолжат роковите коишто ги имаме согласно Изборниот законик. Меѓутоа, и тука имаме одредени контроверзии, односно несогласности, слушаме разни дисонантни тонови од членовите на ДИК, како и да е избори мора да има.

Она што мене ме зачудува е дека оние што се залагаа за избори претходно, сега кога дојде моментот, кога очигледно ги имаат резултатите од анкетите коишто ги прават постојано на дневна основа, зборувам за опозицијата, сега не сакаат избори. Мислам дека избори можат да се одржат и на 21 јуни и на 28 јуни, но не треба да биде подоцна од 12 јули бидејќи сепак веќе навлегуваме во период кога ќе има преголема жештина, а во меѓувреме мислам дека драстично ќе се намали бројот на новозаболени и бројот на починати од коронавирусот” – изјави Кекеновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e