Кекеновски на 24 ТВ: Ако опозицијата сака да бојкотира, со среќа нека им е, штетата ќе биде на самата партија

Јове Кекеновски, во вечерашното “Отворено студио” на 24 телевизија, со став дека избори мора да има, а бојкотот на опозицијата воопшто не ги загрозува изборите. Воедно истакнува дека изговорот на опозицијата дека се грижи за здравјето на граѓаните е бесмислена бидејќи тоа постојано се потенцира како да е којзнае што, а секако се подразбира дека е најнормално во вакви услови сите фактори во државата да се грижат за здравјето на граѓаните.

“Без разлика што опозицијата во моментот е многу гласна дека ќе ги бојкотира изборите, со среќа нека им е, слободно да бојкотираат, нека повелат нека бојкотираат нема никаков проблем, има голем број на политички партии коишто се пријавени на изборите чии кандидатски листи се верифицирани од ДИК, впрочем легални и легитимни избори можат да бидат одржани и без една политичка партија или коалиција на партија. Нема да биде никаква штета, ама ќе направи поголема штета на самата партија, но очигледно раководството е тоа кое ќе си ги сноси последиците или пак ќе ги собере ловориките” – заклучи Кекеновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e