Калеска –Ванчева: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се оградуваат од криминалите на Груевски и работат по негови директиви, но напредокот нема да го спречат

11 години за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ нашата држава беше заробена во изолација, неизвесност, скарана со соседите, далеку од ЕУ и НАТО.

11 години ВМРО-ДПМНЕ со антидржавните политики правеше поделби меѓу граѓаните, по национална, верска и партиска основа – рече денеска на прес конференција Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка на СДСМ.

Човековите права секојдневно се погазуваа, а државата беше на дното по медиумските и новинарски слободи.

ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не повика на заедништво, на обединување во реализацијата на државните и национални интереси.

Таквото деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и денес.

И ден денес почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и осуден бегалец Никола Груевски од Будимпешта се уште повикува на пресметки и на пресретнување во темни улички.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не се оградуваат од криминалите на Груевски, туку работат по негови директиви. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се посветени единствено на деструкција, лажни вести и очајнички обиди да се закочи напредокот.

Се уште ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не се оградија од криминалите направени за нивното 11 годишно владеење.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште седат во белиот дворец кој е симбол на криминал, корупција и расипништво.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ беше и останува симбол на деструкција, на неодговорно и антидржавно однесување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e