Јовановиќ во “Само вистина”: Мандатот не смее да биде предаден на полуартикулираните фигури на ВМРО-ДПМНЕ кои немаат јасна свест за клучните прашања

Ненад Јовановиќ, колумнист и аналитичар, во денешното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија со став дека СДСМ ќе успее да состави влада бидејќи претходниот состав на владата покажа дека во СДСМ има луѓе кои успеааја да ги решат и најделикатните спорови, а тоа е редок случај во 21 век и таквата амбиција и одлучност според Јовановиќ се случува еднаш на 100 години. Во продолжение даде и некои основни критериуми кои потенцијалните членови на новата владејачка коалиција мора да ги поседуваат.

“Првиот критериум е секоја политичка партија која би имала свои пратеници во Собранието на Република Северна Македонија да се залага за правда и правна држава, да ги почитува интеграциите кон Запад, да го почитува НАТО и да го почитува Преспанскиот договор, како и билатералниот договор со Бугарија. Тоа е основниот плашт под кој некој може да дојде и да разговара за некаква коалиција со владата на СДСМ. Тоа се основни критериуми. Потребно е некој да ја донесе правдата во оваа држава бидејќи правдата овде доцни. Потребен е сериозен ветинг во судството и обвинителството.

Оваа влада можеби имаше слабости, но ако се обидеме да ја рушиме повторно ќе имаме инволуција, односно самораспаѓање, а мандатот не смее да биде предаден на полуартикулираните фигури на ВМРО-ДПМНЕ кои немаат јасна свест ниту за јавен интерест, ниту за Европа, ниту за НАТО, ниту пак имаат јасна стратегија каде треба да се движи оваа земја, дали да остане во својата дедовина или во некој правец кон кој сите ние декларативно се стремиме.

Не смееме да ја прокоцкаме оваа шанса, бидеќи ваква влада која во 21 век решава клучни прашања и склучува вакви договори, во историјата се случува еднаш на 100 години и никогаш повеќе” – истакна Јовановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e