Јовановиќ: Пријател на Мицкоски може да му биде Орбан кој го сокри нашиот пресветол македонски надвојвода Груевски

Колумнистот и аналитичар Ненад Јовановиќ во вечерашното издание на дебатната емисија “Само вистина” на Канал 5 телевизија жестоко му се спротивстави на Александар Пандов и даде свое мислење за однесувањето на опозицијата во услови на корона-криза во државата, како и денешната унгарска донација за која ВМРО-ДПМНЕ инстантно свика прес-конференција:

“Господинот Пандов посеа тука едно семе на зло и малку треба да разграничиме. Очигледно дека и самиот се разголтал спинови од пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ. Не се работи за личните пријателства за Зоран Заев и Никола Димитров, туку се работи за контекстот. Господинот Пандов заборава дека оваа земја е излезена од авторитарен популистички режим, односно од киднапираниот режим на Никола Груевски. Не се работи за тоа дали Христијан Мицкоски му се јавил на Јанша, туку се работи за идеолошкото сојузништво што ја има оваа лоша политичка партија која не е реформирана, има добри луѓе, но сигурно тоа не е оваа структура околу Мицкоски која е синоним на Груевски.” – истакна Јовановиќ.

Во однос на пријателите на лидерот на опозицијата кои деновиве се провлекуваат низ медиумите, Јовановиќ со став:

“Се разбира, дека тие ќе имаат поддршка од Јанша кога зад Јанша има афери заради корупција. Друг пријател им е фамозниот диктатор кој Европа го критизира дека е авторитарен популист, унгарецот Орбан каде што се сокри нашиот пресветол македонски надвојвода Никола Груевски. Значи, Христијан Мицкоски нема никакви пријателства кои имаат тежина или барем демократска традиција. Пријатели може да му бидат евентуално Курц, Јанша и Орбан. Погледајте ја таа помпезност денес на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ пред нивната зградурина во Скопје за 100 000 маски и за скафандери. Ако сакаше да биде фер, без таква помпезност, без камери, ќе појдеше до кризниот штаб и ќе ги предадеше на луѓето кои се наоѓаат на првите борбени линии. Немаше потреба од таква помпезност и од таква еуфорија. Но, тоа е нереформирана популистичка партија која ужива пред камери.

Се разбира дека секоја помош е добра. Ама во услови на ваква масовна пандемија и во ваква светска криза во која не се доволно јасни околностите тие играат класична политика. Дури и на наивци им е јасно што се случува со Мицкоски.” – заклучи Јовановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e