Јовановиќ: Оваа агонија е неодржлива, единствен излез се брзи избори

Во вечерашното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија, Ненад Јовановиќ, колумнист и аналитичар, со свое толкување во однос на потребата што поскоро да се организираат брзи избори.

“Денешната одлука на Уставниот суд беше очекувана. Изборите беа закажни за 12 април, но сепак нè фати голема криза со пандемијата и тоа мораше некако да го изведе техничката влада. Се претпоставува дека на 10 или 12 мај ќе се одржи лидерската средба кај Претседателот, а јас очекувам дека на таа лидерска средба страните ќе се договорат и ќе се оди на брзи избори.

Да не заборавиме дека во овој момент демократијата е суспендирана, техничката влада е влада, но сепак техничка бидејќи го нема добиено суверенитетот на граѓаните. Важно е да се испорачаат брзи избори, да се види реално кој во оваа криза што работеше, кој реално се грижеше за граѓаните, а кој цело време опструираше. Таквиот исход од овие два месеци коишто беа страшно брутализирани од опозицијата и со овие забрани и рестрикции, едноставно мора да се предизвика некој канал, а тоа ќе бидат брзите избори бидејќи оваа ситуација е неодржлива. Да не заборавиме дека во овој момент ние немаме ниту еден репрезентативен или релевантен законодавец, невозможно е да се носат закони и ништо да се спроведува. Единствено што има голема ингеренција е техничката влада, но сепак за да се заврши оваа агонија, ако каже стручниот тим на здравствените работници дека сè е во ред, дека кривата опаѓа и дека пандемијата е на минимум, се разбира дека од оваа агонија мора да излеземе со брзи избори. Јас немам никаков сомнеж дека ние во споредба со останатите држави на Балканот кризата ја поминавме пристојно, со минимум заболени и жртви, а мора да се пофали и министерот Филипче кој извонредно мирно, стабилно и нехистерично ја водеше целата криза, а мора да се пофалат и здравствените работници” – истакна Јовановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e