Јовановиќ: Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи да се однесува неодговорно, некои политички кариери по кризава едноставно ќе исчезнат и тука нема лутиш!

Во вечерашното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија, колумнистот и аналитичар Ненад Јовановиќ со порака до опизицијата:

“Се разбира дека оваа здравствена криза ќе се одрази на економијата и на демократијата бидејќи кога имате вонредна состојба демократијата се суспензира и сите институции се екипираат да спасуваат животи. Опозицијата не треба да го користи коронавирусот како партнер за да ја подрива власта и да му штети на Зоран Заев. Ако биле толку капацитетни и успеале од тој фамозен Орбан да донесат 100 000 маски или скафандери тогаш во ред. Нека влезат во активизам и нека им се понудат на институциите на системот да волонтираат, а не да се сликаат по цел ден, да прават сплетки, да подриваат и цело време да ја обмануваат јавноста со лажни вести.

Замолкнете за момент, дајте ги вашите ресурси што ги имате во политичката партија, волонтирајте и помагајте. Во моментов Венко Филипче извршува фатастична работа, да се обидеме сите да го извлечеме најдоброто. Ако не разбирате политика, тогаш помогнете. Ако продолжите со вакво однесување на неодговорна политичка партија и не се откажете од некои средства, некои политички кариери после кризава едноставно ќе исчезнат и тука нема лутиш. Едни се убиваат од работа, прават сè да се самозаштитат, а вие само подривате.” – истакна Јовановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e