Јанева: Судот прави сопки за да не се дознае кој прислушувал

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, и јавниот обвинител марко Зврлевски на Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рече дека Основниот суд Скопје 1 шест месеци одбивал да ги достави доказите за случајот Пуч, каде што се крие одговорот за прислушувањето. Да не ни правеа сопки, досега ќе беше завршена главната расправа за тој случај, рече таа.

Судот прави сопки за да не се дознае кој, кога и со каква цел прислушувал, рече денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. На денешната седница на Собраниската комисија за политички систем, таа рече дека Основниот суд Скопје 1 шест месеци одбивал да ги достави доказите за случајот Пуч, каде што се крие одговорот за прислушувањето. Да не ни правеа сопки, досега ќе беше завршена главната расправа за тој случај, рече Јанева, одговарајќи на прашање на пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Јанева рече дека СЈО го презело предметот Пуч во декември 2015 година, но судот одбивал да им ги достави доказите. По интервенција на Апелациониот суд во април, Судот ги достави доказите до СЈО дури на крајот на јуни годинава, рече таа.

„Се изгубија шест месеци, можеби и повеќе, во овој период во кој можеше да се заврши главната расправа по овој предмет. Прашувам дали Парламентот има намера да ја праша Претседателката на Врховен суд и Судскиот совет кој е виновен за ова одлагање на предметот. Шест месеци еден суд да не постапи по едно барање за доставување докази е срамота“, рече Јанева.

За поврзани вести продолжете надолу

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e