Јанева по средбата со Хан во надеж дека Собранието ќе ги донесе законите за олеснување на работата на СЈО

Разговаравме за проблемите со кои се соочувавме во минатото, изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по средбата со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска во ЕУ-Инфоцентарот во Скопје.

Јанева рече дека е задоволна од разговорот.

– Зборувавме и за тоа како ќе функционираме во иднина и на кој начин ќе го продолжиме нашето дејствување – изјави специјалната обвинителка.

Таа рече оти се надева дека Собранието, пред да се распушти, ќе ги донесе законите за олеснување на работата на СЈО.

На новинарско прашање дали со еврокомесарот Хан разговарале за формирање на специјално судско одделение во рамките на Основниот суд Скопје 1, Јанева одговори дека за тоа не станало збор за време на нивната 45-минутна средба.

Извор: Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e