Иванов: Опозицијата постојано критикува, а од друга страна бега од избори

Новинарот Зоран Иванов, во вечерашното гостување во “Само вистина” на Канал 5 телевизија, со став дека опозицијата се однесува неразумно бидејќи доколку сметаат дека имаат решение за проблемите во државата, тогаш треба да излезат на изборите кои сами ги бараа и да ја земат судбината на државата во свои раце. “Опозицијата постојано критикува дека граѓаните се во лоши раце, во една техничка Влада која не е способна да се справи со состојбата, а од друга страна бега од избори. Зошто опозицијата не ја преземе судбината на граѓаните во свои раце? Нека излезе на избори и така тврдат дека ќе победат на изборите кога и да се одржат, нека ја освојат власта и нека покажат дека тоа што го зборуваат навистина го мислат. Инаку, се друго е класична демагогија. Вие да велите лоша е Владата, сите одлуки се лоши, не го бива министерот за здравство, докторите во Комисијата за заразни болести биле неписмени и немале поим за ништо, ние нудиме решение, па тогаш повелете на избори, земете ја судбината на граѓаните и на државата во свои раце, зошто бегаат од избори?

Ако ВМРО-ДПМНЕ не излезе на избори или ги бојкотира тогаш дефинитивно ќе има политичка криза. Но, од друга страна не може граѓаните и државата да бидат заложници на една партија, макар тоа било и ВМРО-ДПМНЕ. Се надевам дека ќе се постигне договор, а веројатно тука ќе помогнат и факторите од меѓународната заедница и раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вразуми и нема да бега од изборите кои сами ги бараа и ќе го тргнат терминот “не сме за брзи избори” бидејќи ова не се брзи избори, изборите беа закажани на барање на ВМРО-ДПМНЕ на 12 април. Ова не се веќе брзи избори, сега се потребни избори. Потребно е Собрание кое ќе ја контролира власта за да не вика опозицијата дека власта е неспособна” – изјави Иванов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e