Иванов денеска ќе се сретне со претседателот на Србија, Николиќ

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Битола ќе се сретне со српскиот претседател, Томислав Николиќ.

Николиќ е во работна посета на Македонија како дел од одбележувањето на 100-годишнината од битката на Кајмакчлан за време на Првата светска војна.

За таа цел Николиќ престојуваше и во Грција.

Предвидено е двајцата претседатели да одржат заедничка прес-конференција. Николиќ ќе положи цвеќе на српските воени гробишта во Битола.

Извор Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e