Иванов и Црвенковски иако поканети не присуствуваа на обраќањето на Могерини

ако поканети на денешната седница во Собранието каде се обрати високата претставничка за надворешни работи и безбедност, Фредерика Могерини, не присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов, како и поранешниот претседател Бранко Црвенковски, пишува Фокус.

Бројни медиумски екипи од Македонија, но и од околните земји го следеа обраќањето на Могерини.Обраќањето на Могерини го проследија народни избраници од сите пратенички групи, премиерот Зоран Заев, претставници на верските заедници и првите луѓе на правосудството. Во галеријата на пленарната сала беа сместени бројни претставници на дипломатскиот кор, меѓу кои и американскиот амбасадор Џес Бејли.

Високата претставничка беше придружувана од евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој обраќањето го проследи од пленарната сала.

Обраќањето на Могерини, кое е прво досега, од првиот ред каде седат поканетите гости го проследија и претставниците на МПЦ – ОА, на Католичката црква, на ИВЗ, Еврејската заедница…, потоа првите луѓе на Републичкиот судски совет, на Уставниот суд, на Врховниот суд, на Јавното обвинителство на Република Македонија, на МАНУ и други.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e