Исплатени 104,7 милиони денари субвенции за грозје

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ги информираше лозарите дека денеска може да си ги подигнат парите за дополнителните субвенции од два денари за килограм предадено грозје во регистриран преработувачки капацитет.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по овој основ исплати вкупно 104,7 милиони денари.

“Продолжуваме со истото темпо, навремена и неселективна исплата на субвенциите тогаш кога Ви се најпотребни.” – потенцира Николовски.

31144107_1708984862492399_7546409143736075590_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e