Груевски заминува од претседателското столче во ВМРО-ДПМНЕ

Никола Груевски на синоќешниот состанок на Централниот комитет на партијата поднел неотповиклива оставка.

Партијата за 22 и 23 декември закажа Вонреден конгрес на кој ќе избира нов претседател.

Вонредниот конгрес ќе се одржи во Валандово а како што најави генералниот секретар Христијан Мицковски, ќе учествуваат 544 делегати кои ќе треба да го изберат наследникот на Груевски.

Како најсериозни кандидати за челната позиција во ВМРО-ДПМНЕ се вртат имињата на поранешните министри за надворешни работи, Никола Попоски и Антонијо Милошоски, координаторот на советничката група, Илија Димовски и генералниот секретар, Христијан Мицковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e