Германските весници: „Македонија на најреформски курс во регионот“

Препораката на ЕК за Македонија и денешниот престој на Јоханес Хан и Федерика Могерини во Скопје се сигнал за земјата која изминатата година е на реформски курс како ниедна друга во регионот, пишуваат германските весници, пренесува Дојче веле.

Вчерашниот Извештај на Европската Комисија за напредокот на земјите кандидати на патот на евроинтеграција и препораката за почеток на пристапни преговори за Македонија и Албанија го одбележаа речиси сите германски и медиуми на германски јазик, најчесто преку вести и извештаи, но некои и со коментари.

Весникот Берлинер моргенпост истакнува дека препораката на ЕК за Македонија и денешниот престој на Јоханес Хан и Федерика Могерини во Скопје се сигнал за земјата која изминатата година е на реформски курс како ниедна друга во регионот:

„Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини со својата посета на Скопје по објавувањето на Извештајот за напредокот на аспирантите за влез во ЕУ сакаат да дадат сигнал. Македонија доби одлична оценка од Европската комисија, па пораката гласи: земјата треба конечно да почне со ЕУ-пристапните преговори.

Целиот текст на порталот ЛИбертас прочитајте го ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e