(ФОТО) Исто како транспарентот на маршот: И напредокот на Република Северна Македонија го доживуваа наопаку!

Со извиците „Никогаш Северна, само Македонија“ и „Сакаме правда“, со песната „Едно име имаме“ и со банерот наопаку на кој пишува„Заев е виновен“, со многу врева и малку луѓе, започна вечерашниот марш во организација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Откако медиумите ја пренесоа снимката на која се гледа дека луѓето од првите редови на маршот не се снаоѓаат баш најуспешно со транспарентот јавноста на социјалните мрежи „се крена“ со реакции, пред се, за (не)писменоста на органзиаторите.

„Спушти ролетните до после. Мафијата маршира. Два саати, ќе пројде, напиша на твитер Марјан Забрчанец, советник во Владата, по повод „Маршот за правда“, организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

„Спушти ролетните до после. Мафијата маршира. Два саати, ќе пројде, напиша на твитер Марјан Забрчанец, советник во Владата, по повод „Маршот за правда“, организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

„И напредокот на Република Северна Македонија го доживуваа наопаку.“- оцени генералнито секретар на СДСМ Љупчо Николовски на својот твитер профил.

„Герич, ко прв војвода, ќе држи говор за правда на кики-фрики пЉескавице, лесковачки роштиљ и остала боранија или како е замислено сценариото?
Не е ваљда вмрото без него да почне на ,,Мостот на уметноста” кој го градеше Грујо и стварно не знам дали и колку е стабилен за толпа!?
Дечки, глејте Герич да биде театрален, да викне ,,цела да е” ко права ,,драма квин”, да се посмееме. И ние сме души. “ – пишува Јорданка Ивановска Јоци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e