Филипоски од Гостивар: Патриотизам е просперитетна,стабилна,праведна држава која се грижи за својот народ

“Јас како дипломиран професот по физичка култура верувам во резултатите и крајниот исход кој се темели на вистинска стратегија, упорност, визија, посветеност,а сето тоа денес го имаме благодарение на лидерот,cселекторот,cвизионерот,cчовекот којшто ни ги отвори вратите за финале за најважниот натпревар кој денес го имаме,а тоа е кој ако не нашиот претседател и иден премиер Зоран Заев”.

“Не би сакал да коментирам за минатото,невистините, режимот,за лажниот патриотизам.Ние водиме позитивна кампања за светла и среќна иднина.Драги пријатели ќе ви кажам што е за мене патриотизам.Патриотизам е да гледаш среќен народ,задоволни граѓани,граѓани кои својата иднина,својот просперитет го гледаат тука,дома.Патриотизам е просперитетна,стабилна,праведна држава која се грижи за својот народ,која нуди можности за сите граѓани без оглед на разликите.Патриотизам е стабилен здравствен систем,квалитетно образование,праведност и правичност.Патриотизам е македонскиот јазик во семејството на Обединетите нации,македонското знаме помеѓу знамињата на Нато алијансата,а во мандатот што следува и во Европска Унија” рече кандидатот за пратеник во ИЕ6, Драгољуб Филипоски, на вечерашната трибина во својот Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e