Фатени лица од ВМРО – ДПМНЕ како нудат мито, снимени се со телефон

Денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски , по редовната работна посета на полициските станици во Прилеп и Битола, изјави дека две лица пријавиле лице кое нудело поткуп за да гласаат за ВМРО – ДПМНЕ.

Спасовски исто наведе и дека полицајци не смеат на било каков начин да учествувааат во било каква изборна кампања за било која полититичка партија и дека тоа ќе биде најстрого казнето.

“Најстрого ќе биде казнет секој полицаец кој што ќе учествува во изборната кампања на било која од политичките партии. Има такви случаи во Струга и уште неколку места и преземени се одлучни мерки. Полицијата мора да биде сервис на граѓаните”, изјави Спасовски.

“Карактеристичен настан има во Прилеп, каде што од страна на двајца граѓани на Прилеп е пријавено нудење на поткуп во име на ВМРО-ДПМНЕ за глас на изборите. Поднесена е кривична пријава, известен е јавниот обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ваквите работи се недозволиви и доколку се случуваат ќе има енергична реакција на МВР. Апелирам до граѓаните доколку забележат ваков или било каков случај на злоупотреба од било кој политички субјект веднаш да го пријават во полициската станица. Доколку почувствуваат притисок од било кој државен орган или било кој раководител веднаш да го известат МВР за да можат да се преземат соодветни мерки”, рече министерот Спасовски.

Истовремено од телевизија Телма јавија дека лицето кое било пријавено дека нудело поткуп од 60 евра по глас, било телефонски снимено и снимката била предадена како дел од доказниот материјал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e