Еве колку ќе чини хартиениот билет за едно возење во ЈСП!

Сите оние кои немаат „Скопска„ картичка за возење во автобусите на ЈСП , веќе ќе може да си купат билет за едно возење.

За 50 денари билет, ЈСП го врати хартиениот билет за едно возење во скопските автобуси, а истиот ќе може да се купи и во автобус и на билетарница.

Билетите се приспособени да може да се употребуваат на постоечките валидатори.

Се очекува враќањето во употреба на билетот за една употреба најмногу корист ќе имаат граѓаните од внатрешноста, но и туристите кои досега не можеа да ги користат услугите на автобусите во главниот град .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e